(Видео) Миранда Кер го покажа воодушевувачкиот невестински фустан

од desk2

Два месеци по интимната венчавка, Миранда Кер конечно го покажа невестинскиот фустан кој го носеше кога го кажа судбоносното „да“ на основачот на Snapchat, Еван Шпигел.


На фотографиите објавени во магазинот Vogue, супермоделот изгледа кралски во Dior фустан со долги ракави, украсен со бисери ,а инспирацијата за фустанот е од Грес кели.

Како што вели за Vogue, нејзината мајка и баба плачеле кога ја виделе во венчаницата.

„Искрено, не можев да замислам подобра венчаница. Кога бев мала баба ми ми рече: Миранда, мажите се визуелни типови. Важно е да се изгледа добро“, вели Кер.

Кер и Шпигел се верија минатата година, а се венчаа во мај годинава на приватна церемонија.

Слични содржини