Mиранда Кер врати на полицијата накит од 8 милиони

од Vladimir Zorba

Австралискиот супермодел Миранда Кер предала на американските власти накит во вредност од 8,1 милион долари, откако се појавија извештаи дека луксузните додатоци може да се поврзани со големата шема за перење пари, во која е вмешан и малезискиот Државен инвестициски фонд. Портпаролот на манекенката соопшти дека таа го предала накитот кој го добила од малезискиот финансиер Џо Лоу, на федерални агенти од Лос Анџелес.

“Од почетокот на истрагата Миранда Кер соработува целосно и вети дека ќе го врати подарениот накит на владата”, рече тој.

Кер е само една од низата познати личности, кои беа вмешани во скандалот со Малезискиот фонд 1Malaysia Development Bhd (1MDB). Претходно овој месец холивудскиот актер Леонардо ди Каприо ја врати  статуетка “Оскар”, дадена на Марлон Брандо, како и други подароци од Лоу, за кого се претпоставува дека вредат над 400 милијарди долари украдени од 1MDB преку сметки во САД.

Скандалот околу фондот ја потресе малезиската политичка класа, на чело со премиерот Наџиб Разак, кој е обвинет за корупција. Разак го основа 1MDB малку по доаѓањето на власт во 2009 година, наведувајќи дека со тоа ќе ја модернизира економијата на земјата. Во моментов, фондот има обврски во износ од 10 милијарди евра.

Слични содржини