Миркуловски: Не смееме да ја потцениме Ангола

од Vladimir Zorba
Македонската ракометна репрезентација по вчерашниот слободен ден, вечерва во Мец го игра вториот натпревар од групата „Б“ на Светското Првенство, дуел против Ангола во кој со евентуална победа патуваме во осминафиналната рунда од мундијалот во Франција.
Еден од предводниците на нашиот национален тим, Филип Миркуловски во пресрет на вечерашниот натпревар истакна дека иако Ангола важи за аутсајдер во групата, сепак Македонија не смее во никој случај да го потцени противникот.
„Тунис помина, тоа е само еден натпревар, одиме понатаму. Следен противник е аутсајдерот во групата Ангола. Тие одиграа слаб натпревар против Словенија во првото коло. Сепак, против нас тие ќе одиграат поинаку, мораме да влеземе крајно мотивирани и дисциплинирани, не смееме да го потцениме противникот“ истакна Миркуловски во пресрет на вечерашниот натпревар кој стартува со почеток од 20 часот и 45 минути./извор 24Вести

Слични содржини