Мирно заврши протестот пред Владата каде што протестираа демонстранти организирани од граѓанските организации. Заедно со граѓаните се повлекоа и припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР).

Протестот помина без поголеми инциденти.

protest-Vlada-naslovna-860x664

Граѓаните протестот го започнаа од пред Специјалното јавно обвинителство, од каде што се упатија кон Собранието, но од полицијата беа спречени да стигнат таму.

Од Триумфалната капија демонстрантите потоа се упатија до Камениот мост каде што повторно беа спречени да продолжат кон Владата, но по извесно време полицијата попушти.

Граѓаните организирани од невладините организации бараат претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да ја промени одлуката за помилување на политичарите против кои се водат предистражни или истражни постапки.

Протестот на ГДОМ пак, во близина на седиштето на СДСМ заврши околу 20 часот, кога организаторите ги повикаа насобраните граѓани мирно да си заминат.

На граѓаните им се обратија актерите Тони Михајловски, Петар Темелковски и кајакарот Атанас Николовски.

Тие протестираа против аболицијата на Зоран Заев и на Зоран Верушевски.

Како и претходните два дена, така и денеска голем дел од учесниците на протестот на ГДОМ со организиран автобуски превоз беа дојдени од градовите од внатрешноста на земјата.

 

META

Слични содржини