Мировните преговори за Сирија без напредок

од desk3

Мировните преговори за Сирја кои се одржуваат во Женева во организација на Обединетите нации, без напредок во преговорите за договор кој би ја окончала шестгодишната граѓанска војна.

 

Преговорите ќе продолжат и утре ако тоа биде потребно, вели преговарачот на сиријската влада, Bashar al-Ja’afari.
Ja’afari рече дека Уставот е “ексклузивно право на сирискиот народ и нема да дозволиме никакво странско мешање во тоа”.

Портпаролот на опозицијата  Yahya al-Aridi за Reuters рече дека владината делегација се обидува  да го сврти вниманието од главната цел во преговорите – политичка транзиција, како што опозицијата го нарекува Асадовото симнување од власт.

На прашањето дали во текот на трите дена на преговори е остварен напредок, тој рече “Не многу. Првичните очекувања не беа многу високи”, информира Reuters.
 

Слични содржини