За тоа убавицата се пофали на својот профил на Instagram.

“Работам над мојата уметност за мексиканската верзија на Playboy. Таа ќе излезе наскоро, не ја пропуштајте, мили мои “, напиша Кортез под сликата. Изданието ќе биде посветено на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Фотографијата објавена на 25 јули, доби повеќе од 8 илјади допаѓања, а следбениците на убавицата во социјалната мрежа се повеќе од 826 илјади луѓе.

Кортез ја доби титулата “Мис Бум Бум” во ноември минатата година. Натпреварот трае четири месеци, а во него учествуваа над 500 девојки. Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе се одржат помеѓу 5 и 21 август.