Мисла на денот од Мајка Тереза

од Vladimir Zorba

“Прави така што секој кој дошол кај тебе, кога ќе  си заминува, да се чувствува подобро и посреќен.”
Анеза Гонџа Бојаџиу или како што е позната по своето монашко име Мајка Тереза е родена на 26 август 1910 година во Скопје. Тоа е од албанско потекло. Мајка Тереза беше католичка калуѓерка, основач на орденот мисионери на милосрдието, а од 4 септември 2016 година е канонизирана за светица – Света Тереза од Калкута.

Во 1948 година ја започнува својата самостојна мисионерска дејност меѓу сиромашните во Калкута. Низ годините мајка Тереза помага да се изградат училишта, сиропиталишта, домови за лепрозни. Во 1992 година УНЕСКО ѝ ја доделува наградата за мир за придонесот во образованието. Умира на 5 септември 1997 година од срцев удар.

Слични содржини