Мистериозни жолти топчиња колонизирале околу 30 километри од француските плажи

од desk3

Стотици илјади мистериозни сунѓерести жолти топчиња од непознат материјал ги покрија плажите на Северна Франција во последната недела, предизвикувајќи збунетост и конфузија како меѓу жителите на регионот, така и меѓу  туристите. Овие мистериозни работи многу слични на печурки или парчиња полиетиленска пена, моментно ги окупиураа бреговите на Ла Манш во северната француска област Па-де-Кале. Од крајбрежниот град Сур Мер до блискиот град Ле Туке, најчудните печурки, веќе  колонизирале околу 30 километри од крајбрежјето, соопшти сајтот La Voix du Nord.

За напаѓачите, кои ги окупираа поголемиот дел од најатрактивните плажи во регионот, соопшти невладината еколошка организација Sea-Mer Association. Тони од таинствените жолти топки беа исфрлени на брегот од брановите. Локалните власти не се сигурни ниту што претставуваат, ниту од каде доаѓаат. Сепак во почетокот на неделата беше потврдено дека “колку што е познато”, тие не претставуваат опасност за “јавното здравје, животните или растенијата” во областа. Сепак, властите им препорачуваат на луѓето да бидат претпазливи и да избегнуваат контакт со материјата. Предупредувањата, сепак не ги запреа летувалците  или рибарите да влезат во водата. И додека локалната власт со  сите свои  напори се втурната да ги исчистат туристичките области од  печурките, научниците се обидуваат со анализи да ја објаснат мистеријата околу составот на овие жолти топчиња. Примероци од нив биле испратени во CEDRE (The Center for Documentation, Research and Experimentation on Accidental Water Pollution – Центар за документирање, проучување и истражување на повремени нечистотии на водата), кој треба да го открие потеклото во рок од една недела, соопшти La Voix du Nord.

Слични содржини