Мистериозното ново момче на Парис Хилтон е откриено

од Vladimir Zorba

Мистериозното ново момче на Парис Хилтон е откриено. Новиот омилен на богатата хотелска наследничка се вика Крис Зулка и е актер.

Парис го помина Денот на вљубените “Свети Валентин” со Крис, а исто така го пречека 36-тиот роденден (во саботата).

Жолтите медиуми побрзаа за да се открие кој е мажот, овој пат срцето на познатата русокоса, го освои згодниот Зулка кој е на 31 годишна возраст и до минатата година имаше врска со актерката Луси Хол од филмот “Pretty Little Liars”.

Крис учествувал во сериите “Хана Монтана”, “јагнешко”, “Остатоци”, како и во филмот “Неверојатниот Спајдермен”.

Слични содржини