Неколку десетици лица денеска дојдоа пред руската амбасада во Белград, за да изразат поддршка за политиката на Русија во Сирија, пренесе РИА Новости.

c7c70a9e5f56363de91a57c3c54cd915

На средбата, иницирана од Сојузот на сириските студентите се собраа околу 50 претставници на сириската дијаспора и некои српски патриотски организации. Активистите држеа знамиња на Русија и Сирија, портрети на рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Сирија Башар Асад. Демонстрациите започна со химните на Русија и Сирија, потоа учениците се обратија на насобраните на српски и арапски јазик.

“Се собравме да ја изразиме својата поддршка за владата на Русија во борбата против тероризмот. Не можеме да бидеме задоволни од политиката на САД и Европската унија во Блискиот Исток, бидејќи тие дејствуваат исклучиво во свој интерес, можеби за пристап до нафта и гас, уништувајќи го регионот “, рече лидерот на сириските студентите Ламак Кудр.

Слични содржини