Почетна / Актуелно / Митко Чавков се саморазреши- побарал да оди во пензија!

Митко Чавков се саморазреши- побарал да оди во пензија!

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков не ја дочека одлуката за негово разрешување што е во владина постапка, туку одлучи самиот да замине од оваа институција. Чавков, како што дознава Алсат од сигурни извори, земал годишен одмор, а во меѓувреме побарал да му се прекине договорот за работа, кој му завршувал кон крајот на јули со можност за продолжување на уште една година.

Чавков освен што го прекинува работниот однос, ги собрал и сите лични работи од неговата канцеларија. Тој беше директор на Бирото за јавна безбедност, а вечерта на 27 април кога брутално беа истепани пратеници на новото парламентарно мнозинство беше и шеф на оперативниот штаб.

Според нивните кажувања, полицијата не реагирала додека пратениците беа теапани, а Чавков не им дал нив наредба да ги одбранат.

Во меѓувреме Алсат исто така дознава дека својот работен однос веројатно го прекинал и началникот за организиран криминал во Бирото за јавна безбедност, кој исто така ја искористил можноста за предвремено пензионирање како Чавков. Станува збор за Зоран Глигоров за кого се велеше дека има евентуална одговорност за случувањата на 27 април./АлсатМ