М-р Митко Даневски од Делчево ќе биде нов командант на Единицата за специјални задачи.

Според неговата биографија, во октомври 2001 година се пријавува на конкурсот „Биди Тигар“, каде учествува на „Селективната обука – ПЕНУШ 2001“ за прием во Единицата за специјални задачи „Тигар“ и со успех ја завршува.

Прво вработување засновал во 2002 година, во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, на работно место полицаец во Единицата за специјални задачи во Одделот за полиција.

Во 2004 година преминува на нова работна позиција, лидер на тим во истиот оддел при МВР на РМ каде што извршува одговорна раководна функција.

Во 2009 година преминува на нова работна позиција – Помошник командир на Оперативна група во Единицата за специјални задачи во Одделот за посебни единици, Централни полициски служби при МВР на РМ каде извршува раководна функција.

Во 2014 година преминува на нова раководна позиција во истиот оддел како Командир на Оперативна група.

Во 2015 година преминува на нова работна позиција – Командир на оперативен отсек во Единицата за специјални задачи./24 Вести

Слични содржини