Почетна / Магазин / Интима / Митови и факти за сексот

Митови и факти за сексот

Колку и да мислиме дека знаеме сè за сексот, секогаш ќе има нешто што ќе е како мистерија за нас. Од женската и машката анатомија, до секс ритуалите по крајот на половиот акт. Видете неколку неоткриени загатки.
Женската ејакулација е урина
Сосема погрешно! Многу мажи мислат дека женската ејакулација е мокрење, но тоа не е така. Иако таа не се случува на секоја жена, ако вашата партнерка успее да го направи, не треба да се згрозувате, напротив.

По секс е препорачливо да се оди во тоалет
Освен задолжителниот туш, мокрењето е другото важно нешто што треба да направите после секс. Всушност телото наскоро по завршувањето на чинот само ќе ви помогне при потребата да се оди до тоалет. Уринирањето го намалува ризикот од појава на бактериски инфекции на уринарниот тракт.

Сексот е како брава
Сосема точно! Дали некогаш ви се случило да имате силно привлекување кон некого, предиграта да е неверојатна, но половиот акт да не е ништо посебно? Не секој пенис одговара на вашата вагина и тоа е сосема нормално. Затоа се вели дека сексот е како брава, двата дела треба да се совпаѓаат.

Жените секогаш се навлажнети за време на секс
Точно! За да биде партнерката “мокра” треба да е цврст пенисот. Ако тоа не се случува, можеби треба да се потрудите повеќе во љубовната игра. Се разбира, постојат случаи во кои нарушеното одделување на вагинален секрет се должи на хормоналната нерамнотежа , прием на лекови, староста. За овие случаи може да им верувате на лубрикантите.

Не е нормално да заспивате после секс
Напротив! Сте поминале неверојатни минути со партнерот и некако ви се сака да се припиете еден во друг и да заспиете. Тоа што почесто господата заспиваат пред партнерката е сосема нормално, бидејќи е природен дел од сексуалниот циклус. За време на секс, а и потоа мозокот ослободува серотонин, кој ве тера да се чувствувате среќни, опуштени и спремни за спиење.

Вагината нема мирис
Погрешно! Секоја вагина има своја специфична природна миризба. Овој мирис треба да се следи, бидејќи често сугерира за постоењето на здравствен проблем.
Вагината е област која е подложна на бактерии, потење и pH дисбаланси и сето тоа произведува свој сет на мириси.