Мицкоски во посета на Вашингтон, ќе присуствува и на појадокот кај Трамп

од desk2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Влатко Ѓорчев, Тимчо Муцунски и Слободанка Алексовска ќе бидат во неколкудневна работна посета на Вашингтон САД, информира партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за време на посетата Мицкоски ќе реализира повеќе средби со претставници на Белата Куќа, Стејт Департментот и членови на Претставничкиот дом и Сенатот. Мицкоски ќе се обрати и на Безбедносниот форум организиран од членови на американскиот Сенат, а воедно ќе присуствува на молитвениот појадок кој се одржува под покровителство на претседателот на САД Доналд Трамп.

Предвидена е и реализација на средби со претставници на македонската дијаспора во САД.

„Престојот во САД ќе се искористи за остварување на меѓународни контакти, зацврстување на односите на ВМРО-ДПМНЕ и лобирање за државните и национални интереси на Република Македонија. По скорешните посети на Брисел, и Будимпешта, престојот во Вашингтон преставува продолжување на интензивната меѓународна активност на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во партиското соопштение.

Слични содржини