Мицковски ги откачи противниците на Груевски од раководството на партијата

од Vladimir Zorba

 Јанушев генерален секретар, Николоски, Мисајлоски и Јанчев потпретседатели, „бунтовниците во аут“

 

 ВМРО-ДПМНЕ со нови сили во Извршниот комитет да издејствува предвремени парламентарни избори и да ја формира идната Влада. Ова е очекувањето на  лидерот на партијата, Христијан Мицковски, по седницата на Централниот комитет, на која беше усвоен новиот состав на партиските структури.

Сепак станува збор за чистење на дворот од неистомислениците на кланот на Никола Груевски ,а новиот лидер е само негов извршител на партискиот трон

Членовите на Централниот комитет избраа дури тројца потпретседатели,  Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, екс- министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски и екс пратеникот  Александар Николовски.

Екс – директорот на ЈСП, Игор Јанушев е  избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Тој важи за близок и до Миле Јанакиевски, а токму екс министерот го спомнуваше Јанушев во „бомбите“ како одговорен за фалсификување на лични карти.

Валтко Ѓорчев стана и официјално координатор, а место во ИК се најде и за Трајко Славевски како и за  Коце Трајановски, Ане Лашкоска, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, а во новиот состав влегуваат и Тони Михајловски,  Костадин Богданов  од реформаторите, Дафина Стојаноска,  Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, и Бајрам Требишки.

Таканаречените бунтовници – пратениците Илија Димовски и Антонијо Милошоски, кои беа меѓу најгласните критичари на условите за спроведување на Конгресот, останаа без функции во партијата. Мицковски тврди дека причината за ова не било нивното спротивставување на неговиот избор.

„Јас во неколку наврати во минатото имам кажано дека се работи за перфектни луѓе, луѓе кои биле активисти во партијата, извршувале големи и значајни државни функции, биле министри, координатори на пратенички групи   имаат што уште многу да дадат во структурите на партијата. Не се исклучува никаква можност за нивно понатамошно ангажирање во било кои сегменти во структурата на партијата, се разбира доколку тоа соодветствува со  нивните амбиции“, вели Христијан Mицкоски – Претседател на ВМРО- ДПМНЕ

Ова инаку се први кадровски промени на новоизбраниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Токму тие би требало да ги навестат политиките и начинот на кој Мицковски ке ја води опозицијата. Тој најави формирање на два нови совети во партијата кои ќе имаат советодавна функција. Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ тврди неговиот претходник освен почесен претседател на партијата нема никаква друга улога.

Слични содржини