Мицковски: Ќе дојде ден кога споменикот повторно ќе биде поставен

од desk4

Тој вели дека овој чин удира по достоинството на граѓаните.

“Рушењето на споменици, секако не е активност со која се занимава една просперитетна влада чии погледи се кон иднината, тоа е чин кој го практикуваат ретроградни сили, како ИСИС во Сирија и талибанците во Авганистан.Ако тоа е нивниот репер, тоа не е примерот кој го сакаат и почитуваат македонските граѓани. Се што е изградено е направено да им служи на македонските граѓани. Секој паметник останува за историјата и е израз на почит кон личностите кои оставиле трага, а работата на историчарите е да ја оценуваат и вреднуваат нивната улога.Ние не смееме да станеме држава која се срами и ги нагрдува своите херои. Јас одбивам да ги споделувам таквите вредности. Едно е сигурно, ќе дојде ден овој споменик да биде поставен на местото на кое што заслужува, а исто така ќе дојде ден и кога оние кои ова го прават ќе се срамат за своите постапки и во тоа ве уверувам”, вели Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Слични содржини