Мицотакис против тајна дипломатија

од desk2

Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис изрази загриженост дека Владата наместо да се стреми кон национален консензус, води тајна дипломатија, без да ги извести партиите. Мицотакис, за време на неговата турнеја во Северна Грција, на средбите со граѓаните и градоначалниците, говореше и за прашањето за името. Ја спомена и средбата на двајцата министри за надворешни работи, велејќи дека слушнал дека Коѕијас е во Солун за да се сретне со Димитров.

– Не знаеме што разговараат, не знаеме за што преговараат, не знаеме што имаат дадено, што земале. Не знаеме ништо – рече Мицоткаис, коментирајќи ја вчерашната средба.

Претседателот на опозициската конзервативна партија, рече дека владата треба да запре со постапките кои ги делат Грците.

– Од овде од најсеверната граница на земјата, сакам, уште еднаш да ја повикам Владата, одговорно да ја извести опозицијата за важното прашање за името на Скопје и конечно да запре да се занимава со тајна дипломатија. Исто така, барам од Владата да запре да ги дели Грците. И да запре, луѓето што имаат посебна чувствителност за прашањето за името на Скопје, да ги поистоветува со радикалната десница – порача лидерот на Нова демократија.

Слични содржини