Во емисијата „Ноќен експрес“ на Канал 77 гостуваше актерот Младен Крстевски. Сигурно се сеќавате на репликите од филмот „Тетовирање“, во кои Младен велеше: „Си ме шишал ко зељка“, „Што сум кревал рака“ и „Ќе убијам некого“.

mladen

Тој реши да сподели со јавноста една информација која досега не ја кажал. Имено, веќе 10 години е вработен во театар, а нема изиграно ниту една претстава.

– Јас сум вработен во Народниот театар во Штип, но никој не ја знае за таа информација. Веќе 10 години сум вработен во театарот, но се уште не сум изиграл ниту една претстава од политички причини.

Едноставно, забрането ми е да настапувам на сцената, а земам една од најголемите плати. Сето тоа се должи на моето минато кога во времето на СДСМ јас бев директор во Народниот театар во Велес, а не бев член во ниту една политичка партија, ниту сум бил близок со некој политичар.

И многу е важно е нашите граѓани да дознаат со што се служи политиката во Македонија. Едноставно, кога започнав да ја играм претставата Гроф Миливој, се јавил некој висок службеник од Министерството за култура и му кажал на директорот дека овој човек никогаш веќе не смее да се качи на сцена или да режира претстава – објаснува Крстевски.

Тој додава дека сето ова може да се случи само во будалска држава, во која никој ништо друго не го интересира освен нивните партиски членови и дека секој оној што не ја прифаќа нивната идеја, веднаш го деградираат.

Ви ја пренесуваме емисијата во целост:

Слични содржини