По изрекувањето на првостепената пресуда во Хашкиот трибунал, Ратко Младиќ изјави, преку својот син Дарко, дека се додека е жив ќе се бори за откривање на правата вистина за борбата на Србите.

 

– Ова беше само прво полувреме. Ќе се борам да се укинат овие наложени лаги и да се открие правата вистина за борбта на Србите, истакна Младиќ преку својот син за весникот „Вечерње новости“.

Според Дарко Младиќ, тие заедно биле десетина минути заедно по изрекувањето на пресудата, пренесувајќи дека неговиот татко бил гневен, иако очекувал таква казна.

– Мојот татко порача дека се е лага, дека Хаг не е суд, туку комисија на НАТО и дека ова не е правда. Тоа е обид да се криминализира српскиот народ, кој се штител од агресија, додаде Дарко за белградскиот весник.

Тој нагласи дека во овој момент е приоритет на Младиќ да му се спаси животот и да му се обезбеди лекување во Србија.

– Ова тело кое се нарекува Трибунал за злосторствата во поранешна Југославија, не успеа во својата мисија, бидејќи ги заборави српските жртви. Бевме сведоци како правдата е заменета со воена пропаганда. Фактите се отфрлени. Пресудата е спротивна на нив. Целта е ширење на пропаганда и оневозможување на иден мирен живот во регионот, истакна синот на Ратко Младиќ.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал го прогласи за виновен поранешниот командант на војската на Република Српска за извршени воени злосторства во БиХ во периодот од 1992 до 1995 година и му одреди доживотна затворска казна.

Слични содржини