Младината на ЛДП го осуди апсењето на девојката со канабис

од Vladimir Zorba

Либерално Демократската Младина најостро го осудува настанот во кој беше приведена девојката во Скопје после нејзиното уживање на канабисот.

Сметаме дека основните човековите слободи и права мораат да се почитуваат и тие преставуваат камен темелник на едно здраво демократско општество за кое се бориме и сакаме да живееме.

Поминуваат веќе 21 година од кога ЛиДеМ неуморно се залага за имплементација на позитивните искуства во врска со канабисот од европските земји, како Холандија.

ЛиДеМ се едни од основополножниците во напорите за легализација на канабисот за медицински цели уште од 2003 и 2004 година, 15 години неуморно се боревме за остварување нашите стратешки приоритети за кои гордо можеме да кажеме дека се исполнија. Како последна глава од ова поглавје и целосно остварување на нашите програмски и стратешки определби останува декриминализацијата на употребата на канабисот.

На девојката која вчера е приведена сакаме да и искажеме поддршка во нејзината борба за остварување на нејзините човекови права и сакаме да и понудиме бесплатна правна помош.

Сметаме дека член 215 од Казнениот закон на РМ, каде што е регулирано неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и перкусори, треба да се дополни и измени во поглед на тоа да не ја регулира личната употреба односно истата да се декриминализира.

Мораме да се бориме за еднакво, слободно и демократско општество каде што основните човекови права и слободи ќе се почитуваат и секој граѓанин на Република Македонија ќе има право да живее слободно, еднакво и либерално согласно неговите сфаќање, определби и убедувања.

Слични содржини