Младинскиот репрезентативец Цветковски потпиша за МЗТ Скопје

од Vladimir Zorba

timthumb

Членот на младинската кошаркарска репрезентација на Македонија, Андреј Цветковски, денеска потпиша двегодишен договор со МЗТ Скопје Аеродром и ќе биде дел од екипата која сезонава покрај двете домашни натпреварување, ќе настапи и во престижниот Еврокуп и регионалната АБА лига.

Деветнаесетгодишниот Цветковски од почетокот на подготовките на шампионот напорно тренира со останатите првотимци и од него се очекува да биде од помош на бековските позиции, со оглед на големиот број натпревари кои ги очекуваат избраниците на тренерот Емил Рајковиќ.

Ова воедно претставува негово враќање во „Јане Сандански“, каде што настапуваше во најголем дел од досегашната кариера во младинските категории. Минатата сезона тој беше дел од тимот на Работнички.

Талентираниот бек на неодамнешното младинско ЕП-дивизија Б во Грција настапи на седум натпревари на кои имаше просек од 9,1 поен и 2,9 скокови. Претходно тој беше дел од кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија, со вкупен настап на пет континентални собири од Б-дивизијата во периодот од 2012 до 2016 година.

Претходно за МЗТ Скопје потпишаа Американците Џош Скот, Џеремаја Мејси и Ксавиер Темс, Холанѓанецот Шарлон Клоф, Србите Ѓорѓе Дреновац и Урош Лучиќ, Хрватот Јуре Лалиќ како и членот на најдобрата македонска селекција, Марко Симоновски. Важечки договор имаат Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ

Слични содржини