ММДЧП ја осуди Резолуцијата на ЕП во која што се вели дека Македонците се „Бугари”

од desk2

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ја осуди и бара итно повлекување на Резолуцијата на Европскиот парламент со која се бара да се почитуваат правата на „бугарското население” во албанските региони, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што живеат Македонци.

„Дали Европскиот парламент е неинформиран, или е анти-македонски? Ова се двете единствени можни опции. При бесрамно прикажување на чиста лудост, Европскиот парламент усвои резолуција со која што од Албанија бараат да ги заштити правата на своето „бугарско“ малцинство и тоа во региони во кои што живее македонско население. Па уште и „препорачува, правата на лицата со бугарска националност во областите Преспа, Голо Брдо и Гора законски да се регулираат и спроведат во пракса.“ Европскиот парламент, со оваа ‘бескрајна мудрост’, само и помага на Бугарија во нејзината мисија да го искоренат постоењето на македонското малцинство и на се што е македонско“, велат од ММДЧП.

Од движењето велат дека без дилеми населението во тие области е македонско и дека тоа е факт прифатен од сите, вклучувајќи ги и бројните извештаи за човекови права од страна на Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и нетолеранција, Обединетите нации, американскиот Стејт Департмент, како и меѓународните организации за човекови права.

ММДЧП ги повика европратениците кои што гласаа за резолуцијата да одат и да ги посетат Мала Преспа и Голо Брдо и да поразговараат со локалното население./Meта

Слични содржини