Меѓународниот монетарен фонд ги напушти преговорите со задолжената Грција и ја обвини Атина дека не е во состојба да постигне компромис и да спроведе реформи на пазарот на труд и на пензиите, пишува „The Guardian“.

MMF GRCIJA

Од ММФ соопштија дека преговарачите се откажале од разговорите во Брисел, откако стигнале до пат позиција, по што ќе се вратат во Вашингтон. Тоа ги остави грчките преговарачи без друг избор, освен и тие да го напуштат Брисел и да се вратат во Атина.

„Топката е на полето на Грција“, изјави портпаролот на ММФ Гари Рајс. „Има големи разлики меѓу нас во основните клучни области. Нема никаков прогрес во приближувањето на тие позиции“, дополни тој. Решението на ММФ следи по острата критика од претставниците на ЕУ, заради немањето волја од грчка страна да ги сослушаат барањата на кредиторите.

Ципрас требаше да ги обнови преговорите во Брисел со претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, во обид да ги ограничат расходите на земјата во замена со идни заеми. Ова средба во моментов е неизвесна.

Слични содржини