Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе инсистира на прашањето за реструктуирање на грчкиот долг, за кое смета дека не само што е неизбежно, туку е и услов за новиот договор за финансиска помош, јави дописникот на МИА од Атина.

баки грц

Управниот директор на ММФ, Кристин Лагард изјави дека ММФ заклучил оти грчкиот долгот не е одржлив, затоа што може да достигне до 200 проценти од бруто домашниот производ.

Таа, исто така, рече дека во неколку наврати тврдела оти значително преструктуирање на долгот е неопходно за успех на која било програма за Грција.

Лагард нагласи дека програмата ќе бара реални фискални цели, кои ќе треба да се постигнат со јасни мерки идентификувани од самиот почеток и со структурни мерки кои ќе го ослободат потенцијалот на грчката економија, која е ограничена со пречки, заштитни мерки и давачки/МИА

Слични содржини