Граѓаните да плаќаат поскапо гориво, повисок данок на имот, а државата да ја зголеми возраста за одење во пензија и да ја подобри наплатата на даноците. Ова се дел од препораките на Меѓународниот монетарен фонд чиј тим во изминатите две недели беше во Македонија. Министерот за финансии вели дека дел од мерките ќе бидат прифатени, но Владата нема да прави драстични резови.

„Македонија во моментов нема никаква потреба од стенд бај аранжман, значи не може да си ги

реализираме сите обврски преку финансирање од приватни кредитори од домашниот или странскиот пазар, околу мерките кои тие ги предлагаат. Нашиот став е дека ќе се држиме до програмата за работа на владата. Не размислуваме за зголемување на возраста на пензионирање, ќе направиме, се за да ја зголемиле ефикасноста, зошто тоа е една од главните препораки“, вели Тевдовски.

Мисијата ја поздравува намерата на владата да го зајакне управувањето со јавните финансии и да ја зголеми фискалната транспарентност. Но очекува Владата да се воздржи од ад-хок зголемување на пензиите, она што претходно го правеше Владата на Груевски.  За да се подобри приливот во буџетот, Управата за јавни приходи ќе мора да го зајакне својот капацитет во наплатата на ДДВ.

„Ако ги видиме фискалните табели на сајтот на Министерството за финансии, ќе видите дека има потфрлање на 2016 во однос на планот, доброто е што во истите табели во јули и август има подобрување на наплатата на ДДВ. Најважно е дека сме сигурни дека тоа што е проектирано како буџетски дефицит, покрај реализацијата на приходите и расходите ќе биде остварено“, вели Тевдовски.

ММФ не предвидува дека Македонија ќе влезе во рецесија. Очекува економијата до крајот на годинава да порасне за 1,9 проценти, а инфлацијата да достигне 1,2 отсто. Но власта треба да биде подготвена за затегнување на монетарната политика доколку постојат знаци на забрзување на инфлацијата или притисоци врз девизните резерви./24 Вести

Слични содржини