Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд ММФ, Кристин Лагард, вели дека таа организација може да се пресели од Вашингтон во Пекинг.


Тоа може да се случи, ако продолжи трендот на раст на Кина, и друите големи пазари во развој.

„Промените на големите пазари во подем ќе се одразат на структурата на ММФ, и на начинот на гласање, а фондот ќе мора да ја зголеми својата застапеност во регионот“, вели Лагард.

„Тоа може да значи дека овој разговор, за десет години може ќе го водиме во канцеларијата во Пекинг, а не да седиме Вашингтон“, вели таа.

Според неа, некои акти на ММФ упатуваат на тоа седиштето на огранизацијата да се наоѓа во најголемата економска сила членка на ММФ.

Од своето основање пред 70 години, ММФ секогаш била во САД. Влдата на САД има ефективно вето на одлуките на ММФ со 16,5 отсто од гласовите.

Слични содржини