Многу врева за ништо: Хали Бери не била бремена

од Vladimir Zorba

Хали Бери стана гостин на ѕвезденииот настан Butterfly Ball и буквално го привлече вниманието врз себе, поради облеката што ја беше избрала.

Актерката и добитничка на “Оскар” се појави во сребрена наметка врз телото. Додека позираше пред сите фотографи ѝ се виде дека стомачето ѝ е доста заоблено, па  веднаш се појавија гласини дека ѕвездата чека трето дете.

Масло на огнот налеа и самата 50-годишна актерка, која одлучи да стави рака на него, што за многумина беше јасен знак – така правеле и идните мајки.

Но се појавија веќе првите коментари на демант. “Хали Бери не е бремена, повторувам, не е”, пренесе извор пред OK Magazine.

Хали веќе има две деца – 3-годишен син од Оливие Мартинез и 9-годишна ќерка од моделот Габриел Обри.

Слични содржини