Мнозинството Британци би поддржале нов референдум за Брегзит

од desk2

Мнозинството граѓани на Обединетото кралство поддршува одржување друг референдум за излегувањето на државата од Европската унија, пишува Independant повикувајќи се на најновите анкети.


Дури 53 отсто од граѓаните поддржуваат организирање нов референдум за Брегзит, а само два месеци порано тој процент изнесуваше 46 отсто.

Исто така, резултатите од анкетата навестуваат дека мнозинството граѓани се против потполн Брегзит, односно против она што го заговара премиерката Тереза Меј која смета дека „излегувањето од ЕУ без договор е подобро отколку со лош договор“.
Потсетуваме, доколку Лондон и Брисел не се договорат за разделбата во рок помал од две години, Еу унилатерално ќе го исклучи Обединетото кралство и тоа сценарио е најлошо за Велика Британија.

Згора на тоа, дури 69 отсто од Британците сметаат дека напуштањето на единствениот царински простор е лоша идеја.
Во самата влада дојде до поделеност околу начинот на кој треба да им се пристапи на преговорите.

Британскиот министер за финансии Филип Хамонд изјави дека многу е ваѓно да се остане близок до Европа кога се во прашање трговијата и царината, што претставува потполно спротивен став во однос на Тереза Меј која сака Лондон самостојно да донесува одлуки за трговската политика.

Исто така, граѓаните кои на неодамнешните парламентарни избори ја поддршаа Работничката партија, која доби најмногу додадена моќ во законодавниот дом, го поддршуваат таканаречениот мек Брегзит кој подразбира добар договор со брисел во сферата на трговијата, занемарувајќи го договорот околу контрола на границите и имигрантите.

Преговорите меѓу Лондон и Брисел, односно меѓу 27 премиери на членките на ЕУ треба да почнат утре. Низ процесот на преговори треба да се одреди најдобриот начин за раздвојување на двете страни.

Слични содржини