Мнозинството Грци преферираат нови економски мерки, отколку предвремени избори

од desk2

Над 60 проценти од Грците преферираат нови економски мерки со цел да се добие новата помош од меѓународните кредитори, отколку одржување предвремни избори, покажува истражувањето, спроведено од агенцијата Капа рисрч за весникот „Вима“.

И покрај силната поддршка за продолжување на реформите за намалување на буџетскиот дефицит анкетата, објавена денеска, открива и некои негативни ставови за финансиските последици од реформите.

Четириесет проценти од анкетираните веруваат дека планираните реформи негативно ќе се оздразат врз Грција. Само 11 проценти изразуваат надеж во врска со реформите, кои ги бараат кредиторите.

Грција доби три спасувачки програми од меѓународните кредитори од 2010 година досега. Последната спогодба за кредит со вкупна вредност од 86 милијарди евра беше договорена во јули 2015 година. Од таа сума досега се усвоени 31,7 милијарди.

Во замена грчката Влада ги зголеми даноците и ги намали платите и пензиите.

Меѓународниот монетарен фонд изрази загриженост дека економските мерки на Грција отишле предалеку, но европските кредитори повторно се фокусираат на структурните реформи на грчкиот трудов пазар и на даночниот систем.

Опозицијата во Грција од своја страна инсистира на предвремени избори.

И покрај долгогодишната должничка криза анкетата на Капа рисрч покажа дека мнозинството го поддржуваат останувањето на земјата во еврозоната, а само 27 отсто се за враќање на драхмата.

Седумдесет отсто од анкетираните се сигурни дека Грција нема да излезе од Европската унија.

Слични содржини