МНР на Франција: Регионалната соработка е важна во процесот на европско приближување

од desk2

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка што премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, го потпишаа на 1 август, се вели во пишаната изјава на француското Министерство за Европа и за надворешни работи.

„Фанција се надева дека овој договор ќе овозможи Скопје и Софија да ги продлабочат својот дијалог и соработка, особено на политички, економски и на културен план и дека ќе придонесе за зајакнување на стабилноста во регионот на Балканот. Франција потсетува дека добрососедските односи и регионалната соработка се основните елементи од процесот на европско приближување.Тие придонесуваат за просперитет, стабилност, помирување и за создавање погодна клима за решавање на билатералните спорови и проблеми наследени од минатото“, се вели во соопштението.

Слични содржини