Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад во Минхен, Сојузна Република Германија.

„Воедно, Министерството за надворешни работи ве известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Германија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани. За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Германија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Дипломатско- конзуларните претставништва на Република Македонија во Германија и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија“, се вели во соопштението од Генералниот конзулат на Република Македонија во Минхен, СР Германија.

Слични содржини