МНР: Плочата на Кајмакчалан е незаконски поставена

од Vladimir Zorba

398814-mnrvo-postojan-kontakt-sme-so-ambasadata-vo-ankara-i-konzulatot-vo-istanbulСпоред информациите на Министерството за надворешни работи плочата на Кајмакчалан е незаконски поставена и очекуваме од нашите пријатели од Република Бугарија да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување спомен обележја, се вели во реакцијата на МНР.

„Чествувањето на жртви од воените конфликти во нашиот регион е дел од културата на помирување и пред се претставува хуман гест.

Според информациите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија плочата на Кајмакчалан е незаконски поставена.

Очекуваме од нашите пријатели од Република Бугарија да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување спомен обележја.tokmak

Воедно, очекуваме институциите да ги обесхрабрат сите актери кои нелегално поставуваат обележја на територија на друга држава, а кои потоа можат да бидат цел на акти на насилство или да предизвикаат негативни чувства кај граѓаните. Република Бугарија е наш сосед и пријателска држава со која имаме суштинска соработка во многу области и ќе продолжиме да работиме во насока на изнаоѓање на модалитети за поголема соработка и надминување на разликите преку стандардизиран и реципрочен пристап во одбележувањето на настани и личности. Ова е и многу поважно во услови кога истите може различно да бидат интерпретирани во различни земји од регионот. Во нашиот пристап треба да ги промовираме успешните модели на помирување и чествување кои постојат во Европа, наспроти еднострани поставувања на одбележја или чествувања во соседна земја“, се вели во реакцијата на МНР.

Бугарското МНР со реакција по кршењето на споменикот, забранет влез на Миленко во Бугарија

Плочата на Кајмакчелан почна да ја бранува јавноста откако провладионот шоумен Миленко Неделковски ја искрши со токмак и фотографиите од таа „спонтана патриотска акција“ ја сподели на Фејсбук.

Слични содржини