МНР за средбата во Виена: Продолжуваат напорите за наоѓање решение под покровителство на ОН

од desk4

Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН, соопшти македонското Министерство за надворешни работи, известувајќи за денешната средба на личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц со министрите за надворешни работи на  Македонија и Грција.

Средбата се одржа во канцеларијата на ОН во Виена.

„По конструктивната средба која е дел од напорите за наоѓање на заедничко прифатливо решение за надминување на разликата околу името, Министрите за надворешни работи се согласија да ги продолжат напорите под покровителство на ОН“, гласи соопштението.

Слични содржини