Мо Фара остана без двојно злато на трките на средни патеки

од desk2

Легендарниот тркач Мо Фара остана без двојно злато на средни патеки на Светското атлетско првенство во Лондон освојувајќи `само` сребро на трката на 5.000 метри.


Фара, кој го освои златото на трката од 10.000 метри, не успеа да победи и на 5.000 метри.

Легендарниот 34-годишен британски атлетичарм кој по Дијамантската лига во Цирих на 24 август, повеќе нема да се натпреварува на средни патеки и ќе се посвети на маратонот, вечерва во Лондон му гледаше во грбот на Етиопјанецот, Муктар Едрис.

Четирикратниот олимписки победник кариерата на средни патеки ја заврши со десет златни и два сребрени медали на големите натпреварувања.

Слични содржини