Надмените форми на Блек Чајна се тема на постојана дискусија во САД, уште повеќе покрај скандалозната нејзина разделба со братот на Ким Кардашијан – Роб.

Поранешната стриптизерка повторно привлече внимание откако се појави на забава во Беверли Хилс во фустан кој крие премалку од вишокот нејзина тежина. Да не зборуваме за шлицот кој ја открива ногата, а сигурно не е вклучен меѓу чудата на Холивуд.

Таа позира пред фотографите во долг, син асиметричен фустан што ги открива сите нејзини облини.

Моделот беше со долг заден дел, која како да го компензираше премногу краткиот преден дел. Најбрилијантните детали го нагласуваа транспарентниот ефект на материјата, а длабокото V деколте откриваше раскошна глетка.

За завршување на изгледот Чајна избра бела чанта, изработена од кадифе и ни од далеку не особено погодна ниту за фустанот, ниту за официјалниот дрескод на настанот.