Ноќеска околу 4 часот засега непознати сторители предизвикале општа опасност во кафулето „Баркод“ лоцирано на улица „ЈНА“ во Тетово откако го скршиле изложното стакло пришто внатре фрлиле стаклено шише со запалива течност, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, пренесе тв24.

Според неговите податоци од фрлениот “молотов” коктел избувнал пожар што опожарил две дрвени маси, дванаесет сточиња, од кои две шанкерски, а оштетени се и шанкот и подот како и дел од музичка опрема. Нема повредени во објектот што е во сопственост на Р.М.(40) од Тетово.

„Извршен е увид при што се  пронајдени повеќе траги и предмети  како чекан, тесла, запалка и друго  што ќе се вештачат. Се работи на расветлување на сите поединости поврзани со случајот, откривање на сторителите и на утврдување на вкупната материјална штета“, рече Јосифовски.

Слични содржини