Фудбалерите на Монако остварија нова победа во француската Лига 1.гол

Во натпревар од 7.коло одигран пред својата публика Монако со многу среќа и пресврт стигна до победа над Анже со 2:1.

На останатите натпревари одиграни вчера беа постигнати овие резултати: Лориен – Олимпик Лион 1:0, Бордо – Кан 0:0, Дижон – Рен 3:0, Монпеље – Мец 0:1 и Бастија – Гингамп 1:0.

Во петокот шампионот ПСЖ загуби со 2:0 на гостувањето кај Тулуз.

Другите натпревари ќе се играат денеска, а во нив се среќаваат: Сент Етјен – Лил, Нанси – Ница и Олимпик Марсеј – Нант.

Табела: Монако 13 бодови, Ница 14 (-1 натпревар помалку), Тулуз 14, Париз Сен Жермен 13, Бордо 13, Мец 13…

Слични содржини