Монтела: Шкендија има добро организирана игра

од desk2

Тренерот на италијански Милан, Винченцо Монтела пред утрешниот натпревар со Шкендија изјави дека „црвено црните“ од Тетово се подобри од Крајова. Тренерот на „росонерите“ смета дека овој важен натпревар за „плеј-офот“ во Лигата Европа ќе биде тежок. Тој во исто време призна дека неговите играчи можат да ги искомплицираат работите на теренот бидејќи Шкендија е многу добро организирана екипа.

„Имаат повеќе натпревари во своите нозе, вклучувајќи и три прелиминарни средби во Лигата Европа. Потоа доаѓаат од победа над шампионот на Македонија. Имаат јасна идеја во играта и во нападот имаат талентиран и непредвидлив фудбалер како Ибраими. Зависи од нас колку натпреварот ќе биде комплициран. Тие се добро организирани, но мора да се размислува за нашата цел. Во последните 20 метри на теренот треба да бидеме подобри и се разбира повнимателни. На секој натпревар играме и ќе играме за победа“, изјави Винченцо Монтела, тренер на Милан.

Слични содржини