Морган Фримен „открива“ кој е Владимир Путин?

од desk2

Комитетот за истрага на наводното руско мешање во претседателските избори во САД објави снимка во која „објаснува“ кој е Владимир Путин.


Улогата на наратор во снимката му е доверена на славниот американски актер Морган Фримен.

„„Ние сме нападнати. Ние сме во војна. Поранешниот шпион на КГБ, бесен поради пропаста на својата татковина, подготви начин на одмазда. Користејќи ги предностите на хаотичната сосотојба, тој за себе направи пат низ хиерархискиот систем на постсоветска Русија и стана претседател. Востпостави авторитарен режим и постави мета на својот најголем непријател – САД3, вели Фримен.

Во продолжението на текстот се наведува дека како што е вистина дек Путин бил шпион на КГБ, така вистина е и дека тајно, користејќи сајбер оруѓје, напаѓа демократии.

„Тој шпион е Владимир Путин и ова не е филмско сценарио, Неопходно е нашиот претседател да ни ја каже вистината“, наведува фримен и потоа говори текст кој Трамо би требало да им го каже на Американците.

Слични содржини