Дмитриј Песков потсети дека  Владимир Путин не бирал никого од кандидатите за претседател на САД

москва

 

Никој не очекува дека односите меѓу Москва и Вашингтон ќе се подобрат “за две недели” по изборот на Доналд Трамп за претседател, изјави рускиот претседателски портпарол Дмитриј Песков во интервју за CNN. Потсетувајќи за многуте несогласувања меѓу двете страни, тој продолжи дека “ако нашите двајца лидери … бидат доволно мудри за да има политичка волја да зборуваат и да ги решаваат проблемите не преку конфронтацијата, не со користење на, да го наречеме” јазикот на санкциите “или други нелогични работи кои  им штетат на двете страни, тогаш ќе имаме шанса да зборуваме меѓу себе и да се решаваат проблемите конструктивно”, истакна Песков.

“Сакам да потсетам дека претседателот Путин направи сè за да ја зачува неутралноста во оваа приказна (претседателските избори во САД – ред), иако врз неговата личност се  припишуваат многу голема улога во американската изборна кампања, што беше неочекувано за нас”, додаде портпаролот.

Тој потсети и дека рускиот лидер “никогаш не навел кого од кандидатите преферира и бил многу внимателен, велејќи дека Русија ќе го поздравува секој избор на американскиот народ. “Ние не може да си дозволи мешање во американските внатрешни дела”, истакна портпаролот на рускиот претседател. / ТАСС

Слични содржини