Официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека американскиот авион разузнавач RC-135U вршел намерно лет кон руската граница со исклучен транспондер, пренесува РИА Новости.Според Конашенков силите на противвоздушната одбрана над акваторија на Балтичкото Море откриле непозната воздушна цел која самоуверено се насочила кон Руската државна граница.

20150411.lscyhqrmej

Воздушните сили го подигнале ловецот Су-27, кој се приближил до неидентификуваниот летечки објект, го обиколил го неколку пати,го идентификувал како авион разузнавач RC-135U од воздухопловните сили на САД, како и патниот број и ја известил командата.

“Сакам да истакнам дека летот на RC-135U на воздухопловните сили на САД кон руската граница беше извршен со исклучен транспондер за кое неодамна нашите НАТО колеги толку многу сакаат да изјавуваат. За оценката за професионалноста на нашите пилоти, тоа е целосно во надлежност на руската команда. А згора на тоа американските разузнавачки авиони можат да извршуваат “вообичаени” летови само до границите на сојузот “, изјави претставникот на руското Министерство за одбрана.

Денеска американските медиуми објавија дека руски борбен авион Су-27 без малку не удрил разузнавачки авион на САД над Балтикот, а информацијата беше потврдена од претставникот на Пентагон Марк Рајт.

Слични содржини