Москва е подготвена да соработува со Пјонгјанг за да се најде мирно решение за кризата со Северна Кореја, соопшти денеска МНР на Русија. 

Соопштението уследи по состанок меѓу амбасадорот на Русија, Олег Бурмистров и генералниот директор на северноамериканскиот оддел во МНР на Северна Кореја, Чое Сон-ху. Севернокорејскиот дипломат имаше состанок и со заменикот министер за надворешни работи на Русија, Игор Моргулов.

– Руската страна изрази подготвеност да се здружат напорите во интерес на изнаоѓање начин да се решат проблемите во регионот (Корејскиот полуостров) со мирни, политички и дипломатски начини, се нагласува во соопштението.

Слични содржини