Москва подготвува одговор на протерувањето на дипломати од Британија

од desk2

Москва соодветно ќе одговори на мерките кои Велика Британија ги презема против Русија и руски функционери, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Ќе преземеме мерки кои ќе бидат апсолутно пропорционални на ситуацијата, рече Захарова.

Британската премиерка Тереза Меј вчера најави дека од Велика Британија ќе бидат протерани 23 руски дипломати, по нападот со нервен агенс на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Меј изјави дека руските дипломати имаат една недела да ја напуштат Велика Британија, што е најголемо протерување на дипломати од периодот на Студената војна.

Британската премиерка смета дека Русија покажала презир кон желбата на Велика Британија да се објасни обидот за убиство на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Таа рече дека активностите на Русија „претставуваат незаконска употреба на сила“.

Меј најави повеќе економски и дипломатски мерки, вклучувајќи го и откажувањето на билатералните контакти на високо ниво со Русија и оти ќе побара од кралското семејство да не присуствува на Светското фудбалско првенство, што ќе се одржи во Русија.

Слични содржини