Москва смета дека првиот ден на преговорите за Сирија е успешен

од Vladimir Zorba

Москва го смета за успешен првиот ден на средбата во Астана каде се разговара за мир во Сирија. Ова, го изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за сирискиот конфликт Александар Лаврентиев, шеф на руската делегација на преговорите во главниот град на Казахстан, пренесува ТАСС.
“Ние сметаме дека првиот ден беше доволно успешен, пред се успеавме да откриеме и да ја спроведеме меѓународна средба за наоѓање на решение за Сирија.

Сметам дека настанот е доволно историски со тоа што успеавме да го откриеме во присуство на земјите-гаранти, специјалниот претставник на ОН Стефан де Мистура, амбасадорот на САД во Казахстан и делегациите на сириската влада и вооружената опозиција “, истакна Лаврентиев.

Слични содржини