Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Москва: Трката во вооружување стана реална опасност

Москва: Трката во вооружување стана реална опасност

Трката во вооружување во светот денес стана опасна реалност, поради акциите на западните земји, изјави раководителот на Одделот за неширење и контрола на нуклеарното оружјето при руското Министерство за надворешни работи, Владимир Ермаков.

Според него, западните земји се свесни дека повеќе не може да продолжи периодот на нивна еднострана доминација во глобални рамки, што кај нив создава нервоза и ги доведува да преземаат неприфатливи акции, како што се санкции, принуда и неетичко однесување во други држави.

– Од таа перспектива, траката во вооружување сѐ повеќе е опасна реалност, отколку блеф и таа има значајно субверзивно влијание врз глобалната стабилност и меѓународната безбедност, додаде Ермаков.

Според него, во такви услови тешко е да се верува дека во догледна иднина ќе биде можно постигнување на правно обврзувачки меѓународни договори за контрола на оружјето.

– Единствено валидна правно обврзувачка одредба во сферата на разоружувањето е Членот 6 на Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Тешко дека ќе можеме да сметаме на нешто повеќе во догледна иднина, истакна Ермаков.

За евентуално проширување на новиот Договор за намалување на стретешкото оружје (СТАРТ), што стапи во сила во 2011 година, според Ермаков, ќе може да стане збор дури откако САД во целост ќе ги спроведат одредбите од таа спогодба.

Високиот претставник на руското Министерство за надворешни работи смета дека сегашниот систем за контрола на оружјето повеќе не им одговара на САД, па затоа се обидуваат да ги поткопаат постоечките договори.

– Се доведува во прашање Договорот за нуклеарните ракети со среден дострел, неизвесна е перспективата на Договорот за стратешко офанзивно оружје, заканите за појава на оружје во Вселаната се сѐ поочигледни, Договорот за целосна забрана на нуклеарните тестови нема шанси да стапи во сила, а Конвенцијата за билошко оружје е во ќорсокак, заклучи Ермаков.