Партијата Мост која е трета по број на гласови добиени на парламентарните избори во Хрватска во неделата, но без која не може да се состави влада, бара влада на национално единство, објави Индекс.

izbori4

Претставникот на Мост, Божо Петров да биде премиер, а во владата од експерти да има претставници од Хрватска демократска заедница, на Социјалдемократската партија и на Мост, предлагаат од Мост.

ХДЗ доби 59 места во 151-члениот парламент, а коалицијата околу СДП – 56.

– Денес имаме потреба од влада на национално единство. Тоа е наш единствен услов, изјави Божо Петров чија партија доби 19 места.

– Само заедно може да ги завршиме реформите, додаде тој. Според него, Мост може да биде пoсредник меѓу левицата и десницата во таква влада.

Слични содржини