Мост ја напушта Владата на Хрватска

од Vladimir Zorba

Помалиот коалициски партнер во владејачката десноцентристичка коалиција во Хрватска ќе ја напушти Владата, изјави лидерот на Мост и претседател на Парламентот, Божо Петров.

– Нашите четворица министри во текот на денот ќе поднессат оставки. На тој начин ние покажуваме дека наша основна цел не е да ги задржиме функциите туку да спречиме уставна криза. Ние покажуваме одговорност кон граѓаните, истакна Петров.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера смени денеска тројца министри од Мост, кои гласаа за смена на министерот за финансии Здравко Мариќ.

Пленковиќ на седница на Владата ги разреши министрите за внатрешни работи Влах Опериќ, министерот за правда Анте Шпрље и министерот за заштита на животната средина и енергетика, Славен Добровиќ, кои гласаа против Мариќ.

Владата одлучуваше за предлогот на опозицијата за изгласување недоверба на министерот за финансии Здравко Мариќ, а премиерот Пленковиќ ги повика сите министри да се изјаснат против изгласувањето недоверба.

Слични содржини