Мост за два месеца од маргинална локална опција стана голем изборен хит.download (34)

А сега за две недели може да изгуби се што постигна. Постизборните преговори се полни со опасни кривини.

Ако на нив останат без неколку свои кандидати, т.е. ако ХДЗ и СДП во деновите кои ќе следат според Мост успеат да шетаат како по некаква самопослуга купувајќи ги новопечените пратеници, како што сакаат тие, се она што го постигнаа на неделните избори може да се доведе во прашање.

– Големите партии можат да истраат во тоа што го заговараа последните годии, а тоа е одржување на статус кво. Во тој случај не е исклучено во еден момент да одлучат да постават „мини‟ под Мост, со цел Божо Петров и неговите симпатизери, зборувајќи фигуративно, да ги кренат во воздух – оцени политикологот проф. др. Анѓелко Милардовиќ.

Пребегувањата од секогаш во Хрватска добро знаеаја да ја наплатат промената на дресот. Тоа можеби остава голема дамка што не се брише, на политичката опција од која дошле. Остава впечаток за несериозност и нестабилност. Како и стигма на предавство.

Опозициска ладовина

На листата на Мост не само што не влегоа Божо Петров, Иван Ковачиќ и Драго Пргомет, туку и цела група на луѓе со непознати убедувања, нетестиран кредибилитет и амбиции кои се во знак прашалник.

Во идеолошка смисла, Мост е многу различна група на поединци без никаква цврста хиерархиска структура, на кои лесно може да им се случи секој да почне да влече на своја страна. Ако меѓу нив ХДЗ и СДП успеат да најдат некој на кој треба да му се вработи сопругата, да се деблокира фирмата или да се запише синот на факултет, проектот Мост може да пропадне пред да дојде во позиција да ја промени Хрватска на подобро.

Втората опасност лежи во тоа Мост да влезе во коалиција со некоја од двете големи партии. Не само поради тоа што таквиот пристап би бил директно предавство на сопствените изборни ветувања. Туку и поради тоа што близината на големите, на крајот на секоја хрватска политичка балада ги „спржува‟ малите партии. За тоа можеме да напишеме роман и ХСС и ХНС и ХСЛС, па и ХСП.

Потенцијално, опасност може да лежи и во можноста Мост само технички да крене рака за Карамарко или Милановиќ, а потоа од опозициска ладовина да гледа каде земјата можат да ја водат такви монтирани малцински влади. Добар дел од гласачите на Мост не гласаа за Божо Петров за тој да поддржи опции кои земјата во последните 25 години ја доведоа во состојба во која таа и денес се наоѓа.

Посебно не ако зад тоа не би стоела цврста насока за реформите. Иако и тие со себе носат ризик: успехот за евентуален напредок ако секако дојде до тоа, на крај да не се припише на Мост, туку на владата која во Бански дворови поминала оперативно. Или попрецизно со зборови, на Милановиќ или на Карамарко, а не на Петров или Пргомет

Слободна Далмација – Сплит

Слични содржини