Мотивирачки мисли за секој хороскопски знак

од desk2

За постигнување на успеси потребно е секојдневно поттикнување на позитивниот став. Најинспиративните мисли се оние кои не потсетуваат кои сме, по каков пат треба да тргнеме и како да се справиме во тешки моменти. Денес решивме да споделиме некој од мотивирачките мисли за секој знак, па тие нека послужат како ваша инспирација.

horoscope-05

Овен

Родените во хороскопскиот знак на овен се храбри личности, самоуверени и големи авантуристи. Бидејќи имаат динамично темпо на живот, тие се стремат да ги заобиколат луѓето што не им одговараат. Полни со енергија, тие се секогаш подготвени да пробаат нешто ново, но не секогаш се и трпеливи. Еве ја мотивирачката мисла за овој знак:

“Се е можно, ако имате доволно трпение.” – Џ. К. Роулинг

Бик

Биковите сакаат романтика. Имаат добра душа и решителни се. Родените под овој хороскопски знак се одликуваат со неверојатна ментална способност и упорност, а тешкотиите ретко можат да ги предомислат од постигнување на нивните планови. Мотивирачка мисла за нив е:

“За да бидете успешни, треба да го ставите вашето срце во бизнисот и бизнисот во срцето.” – Томас Вотсон

Близнаци

Тие се забавни романтичари кои сакаат да создадат социјални контакти. Да се препознае возраста на луѓето од овој знак е тешко. Тие се забележителни по нивниот дух, но се карактеризираат и со добра надворешност. Полни се со живот и со енергија, тие се големи сонувачи и се отворени кон нови знаења. Еве што може да ги инспирира:

“Развојот на сопствената личност е повеќе обврска, отколку жртва.” – Елизабет Кеиди Стентон

Рак

Раковитe се едни од најчувствителните претставници на хороскопот. Тие се грижливи, сочувствителни и со исклучително јака интуиција. Иако имат чести промени во расположението, тие се секогаш подготвени да ви помогнат. Лесно можат да бидат повредени, но доколку не претерате, подготвени се да ви простат. Од друга страна пак, понекогаш можат да бидат многу сурови и да ве повредат силно со зборови. Еве и една мотивирачка мисла за нив:

“Внимавајте на вашите мисли, бидејќи тие стануваат зборови. Внимавајте на вашите зборови, бидејќи тие стануваат постапки. Имајте ги на ум вашите постапки, бидејќи тие стануваат навики.  Внимавајте на вашите навики, тие стануваат ваш карактер. Внимавајте на вашиот карактер, тоj станува вашата судбина.” – Мерил Стрип

Лав 

Родените во знакот лав сакаат да уравуваат се околу себе. Тие се самоуверени, храбри личности кои тешко можат да бидат скршени. Ако сакате да бидете во нивно друштво или нивен партнер, обидувајте се да не се натпреварувате за постигнувањата во животот со нив или да не ги засените. Понекогаш лавовите забораваат дека светот не е само за нив. Еве ја нивната инспиративна мисла:

“Треба да бидете заинтересирани. Ако не сте заинтересирани, вие не сте интересни.” –  Ајрис Апфел

Девица

Девиците се најголеми перфекционисти во хороскопот. Чувствуваат дека се должни да ги решат, не само своите, но и туѓите проблеми. Тие вечно критикуваат и често остануваат неразбрани. Иако на моменти изгледаат резервирани, можете да сметате на нив. Инспиративна мисла за нив е:

“Патувањата ве променуваат. Додека поминувате низ овој живот, овој свет, сосема благо ги менувате нештата, оставајки трага зад себе, дури и да е мала. А во замена, животот и патувањата оставаат белег во вас. Во поголемиот дел од времето овие траги врз телото или во срцето ви се прекрасни, но понекогап ви предизвикуваат болка. ” – Ентони Бурдејн

Вага

Во повеќето случаи, родените во знакот вага се спокојни и симпатични. Меѓутоа, премногу често тие се колебливи и не можат да се поштедат себеси од конфликтни ситуации. Еве и една инспиративна мисла за нив:

“Колку повеќе го величите и прославувате вашиот живот, толку повеќе ќе имате во животот причини за славење.” – Опра Винфри

Скорпија

Тие се едни од најсексуалните и најстрасните знаци во хороскопот. Скорпиите се толку привлечни што тешко може да им се одолее. Нивната упорност и постојаност секогаш им носи профит. Со оваа мисла тие можат да си го одржуваат позитивнот став:

“Луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го променат светот, навистина успеваат во тоа.” – Стив Џобс

Стрелец

Стрелците се најголемите авантуристи во ѕвездената карта. Тие се личнсти со позитивна енергија кои ја сакаат својата лична слобода. Сакаат да патуваат, се стремат кон независност и повеќето од нив успеваат да создадат семејство, подоцна во животот. Еве ја и нивната мотивирачка мисла:

“Нештата имаат корени и гранки, делата имаат крај и почеток. Кога знаете што ви следува во иднина, ќе излезете на вистинскиот пат.” – Конфучие

Јарец

Јарците се одликуваат со работливост и дисциплина. Понекогаш имаат потреба од потсетување дека им треба малку одмор. Иако изгледаат прилично резервирани, тие можат да бидат и забавни. За жал, ретко ги гледаат грешките во себе и уште поретко се подготвени да ги признаат. Еве што може да ги инспирира нив:

“Многу е потешко да си судите сами на себе, отколку да им судите на другите. Ако можете себеси да си судите правилно, значи вие сте вистински мудрец.” – Малиот принц

Водолија

Водолиите се многу посебни личности. Тие се забавни, љубопитни и интересни. Лојални се кон другите, но за возврат сакаат другите да бидат искрени кон нив. На моменти се подготвени да се откажат од своите соништа и тоа само затоа што некој им кажал дека нема да им се остварат. Еве што може токму тогаш да ги мотивира:

“Колку и да е тежок животот, човек може да открие нешто во кое ќе биде успешен.” – Стивен Вилијам Хокинг

Риби

Тие се непоправли сонувачи, оптимисти и се исклучително претпазливи. Подготвени се да помогнат во секој момент, кога некој има потреба од тоа. Во тешки моменти преферираат да се повлечат, да се затворат во себе и сами да си ги доживеат емоциите. Еве ја и мотивирачката мисла за нив:

“Животот не е проблем кој мора да биде решен, него реалност која треба да се доживее.” – Будистичка мудрост

Слични содржини