Мотоциклист од Битола загина во сообраќајна несреќа

од Vladimir Zorba

Четириесетгодишен мотоциклист Г.И. од Битола го загуби животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во месноста „Стрелиште“ на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Арон Ароести“ во Битола.

Како што соопшти СВР Битола, несреќата се случила кога директно се судриле патничко моторно возило „фолксваген-голф“ и мотоцикл „хонда“.

– Во директниот судир на местото на настанот животот го загубил мотоциклистот Г.И. од Битола, а смртта ја констатира увидна екипа на Итната медицинска помош. Сообраќајната несреќа е регистрирана од СВР-Битола и јавен обвинител кој поведе истрага, изјави Лефтерија Миленковска, портпарол на СВР-Битола.

Слични содржини